ДОЦНА СЕ СЕТИЈА ДА ГО СМЕНАТ ТРЕНЕРОТ

НЕКОЈА НОВА БАРСА: Пешиќ за каталонски препород

Барселона делуваше моќно и против еден од фаворитите за место на финалиот турнир. Го прегазија Олимпијакос (90:63) во Атина...

објавено: 15 март 2018 - 22:52

Една нова Барселона под водство на Светислав Пешиќ. Ако некои до пред скоро време ги отпишаа каталонците од сите можни комбинации, пред се во Евролигата, по доаѓањето на Србинот на кормилото на тимот од „Блауграна" се изгледа сосема поинаку.

И подобро за каталонците.
Таков призвук му дава и неверојатната победа од (90:63), на гостински терен против Олимпијакос, само како најава дека оваа Барса не смее да биде отпишана од никој во Евролигата, макар со претходникот на Пешиќ, сето тоа делуваше – очајно.
Сепак, реалноста е друга и вели дека каталонците имаат девет победи во 26 кола, и се далеку од позицијата број 8. Онаа на која се искачи уште еден шпански тим – Басконија.
Баскијците лесно, прелесно го победија Жалгирис, кој не личеше на екипа која има 14 победи. Славеа домаќините со повеќе од убедливи (84:64), и се многу блиску до потврда на место кое води во четвртфиналето.
Истото важи и за Химки, кој ја доби битката со Макаби, и тоа среде Тел Авив (94:91).
Тоа е 15. триумф за тимот од Подмосковието, и скоро извесно, место во првата „осумка",
Сосема неважна пак е победата на Бросе Баскет против одамна отпишаниот состав на Анадолу Ефес (88:79).

Најново во Кошарка