ЖЕСТОКА РЕАКЦИЈА НА РАКОВОДСТВОТО НА ХИМКИ

Нема игри, нема пари – удар по џебот од 50% (ВИДЕО)

Нема шегување со Русите...

објавено: 9 јануари 2018 - 15:00

Најдобро, тоа на своја кожа го почувствуваа кошаркарите и стручниот штаб на Химки.

Иако во Евролигата не е некоја особена практика раководството да им изрекнува парични (и високи) казни на своите играчи односно членови на стручниот штаб, таков не е случајот со клубот од Подмосковието.
Едноставно, сопствениците на руските клубови, во овој случај на Химки, немаат никаков проблем за тоа.
Па така објавија дека играчите, тренерите и комплетниот персонал во клубот се казнети со 50% од месечната заработка.
А причината е повеќе од јасна – слаби резултати.

Казната уследи веднаш по шокантниот пораз на евролигашот во дуелот против Калев Крамо во делот од ВТБ лигата.
Тоа беше четврттиот пораз по ред за Алексеј Швед и неговите соиграчи, по кој паднаа на 5. место на табелата во ова натпреварување.
Казната стои без оглед на тоа што засега барем, Химки турка доста добро во Евролигата (скор 9-7).
Останува да се види како на ова, но и на скоро десетминутниот „говор" на еден член од раководниот тим во соблекувалната, ќе влијае кај Швед, Робинсон, Мониа, Марковиќ...

Најново во Кошарка