ЖЕЉКО ОБРАДОВИЌ СПРЕМЕН И ЗА ШЕГА

Ние не сме домаќини, единствени патуваме од Азија во Европа

Во интервјуто за сајтот на Евролигата тренерот на Фенербахче најде простор и за други теми

објавено: 15 мај 2017 - 13:20

Европската јавност е во очекување на финалниот турнир на Евролигата кој на крајот на оваа недела ќе се одржи во Истанбул. А кога ќе се спомене „градот на Босфорот", тогаш по некој автоматизам се говори дека во улога на „домаќин" на завршницата ќе биде екипата на Фенербахче.

Но така не размислува предводникот од клупата на истанбулските „канарици" Жељко Обрадовиќ.

„Тоа прашање го добивам цела година. Ние сме единствениот тим кој ќе менува континенти! Сите останати доаѓаат од Европа. А ние од Азија одиме во Европа за да играме 'Фајнал-фор'. Се шегувам, секако" - вели најтрофејниот кошаркарски тренер на Стариот континент за сајтот на Евролигата, со алудирање дека неговиот „Фенер" е со потекло од оној азиски дел на Истанбул.

Потоа следува и малку посериозна приказна.

„Вистина е и тоа дека тоа не е баш наш терен. Знаеме дека же имаме доста наши навивачи кои же ни помогнат. Што секогаш е добро, но има и други работи кои се исто така важни.Ако победиме, многумина ќе ни кажат дека ни помогнале. Ако не бидеме први, ќе кажат дека тоа било притисок. Се зависи од резултатот, ќе видиме" - истакнува Обрадовиќ, како најава за спектакуларната евролигашка завршница на која освен Фенербахче своја димензија ќе и дадат и другите европски кошаркарски великани како Реал Мадрид, ЦСКА и Олимпијакос.

Најново во Кошарка