Поразот на Анадолу Ефес од Бросе баскетс, значеше дека Ергин Атаман ќе влезе во историјата на Евролигата како човек со најмногу порази во најсилното клупско натпреварување на стариот континент.
Ергин Атаман има 130 евролигашки порази, со што го надмина Душко Ивановиќ, со кого до вчера го делеа губитничкиот рекорд во најсилното европско натпреварување.