ГОЛЕМО „ВРАЌАЊЕ" НА ГРЦИЈА

Никој не смее предвреме да ги отпише Елините

По 20 години пауза, селекцијата на Грција ја совлада Литванија на еден европски шампионат, и тоа кога беше најпотребно, во осминафиналето на актуелниот (77:64).

објавено: 9 септември 2017 - 22:21

Падна уште еден голем тим, а се дигна уште еден... Тоа е така на турнирите оние големите. Само една лоша вечер на едните или одлична на другите, менува се.

Таков беше и примерот во дуелот Грција и Литванија.
Грците ги немаше никаде во првата фаза, едвај поминаа, дојдоа во Истанбул. Но против Литванија тоа беше некој „нов тим". Водеа од првата до последната минута и на крајот беа наградени со голема победа (77:64).


Една нова Грција истрча во „Синан Ердем " Арената во Истанбул, за разлика од Литванија, која како да не постоеше. Само повремените блесоци на нивните НБА играчи како Валанчиунас и Кузминскас, сето тоа беше премалку против силно мотивираниот противник.
Го најавија тоа Калатес и Принтезис во првото полувреме во кое водеа „само" со (37:30). Но нивното „дело" го продолжи Костас Слукас, со помош на Бурусис

Нешто порано, Италија го сопре „чудото" наречено Финска. Со одличен шутерски почеток, и одлична дефанзива над Лаури Марканен, „азурите" брзо воспоставија контрола на играта, но и на резултатот и на крајот заслужено стигнаа до триумф (70:57), кој ги носи во четвртфиналето во кое го чекаат подобриот од утрешниот дуел Хрватска-Русија (20.30 часот)


ОСМИНАФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ ПРВ ДЕН
Словенија – Украина 79:55
Германија – Франција 81:84
Финска – Италија 57:70
Литванија – Грција 64:77
НЕДЕЛА – 10. СЕПТЕМВРИ
11.30: Летонија – Црна Гора
14.15: Србија – Унгарија
17.45: Шпанија – Турција
20.30. Хрватска – Русија

 

Најново во Кошарка