ПОЗНАТ ЕДЕН ПРОТИВНИК НА „СОКОЛИТЕ" ВО ГРУПНАТА ФАЗА

Нижњи Новгород во групата на Карпош Соколи

Натпреварите по групи нашиот претставник во ФИБА Еврокупот ќе ги стартува на 18. октомври, против подобриот од двомечот Солнок-Содертаље, а ќе трае се таму некаде до 6. декември...

објавено: 29 септември 2017 - 14:55

По завршувањето на второто елиминациско коло од ФИБА Лигата на Шампионите, познат е првиот противник на екипата на Карпош Соколи во онаа групна фаза од натпреварите во второто по ранг натпреварувaње на Светската федерација – Еврокупот.

Тоа е рускиот состав Нижњи Новгород кој беше елиминиран по двата дуели против белгискиот Антверпен (два порази, 62:66 и 87:90).
Кои ќе бидат другите двајца ривали на „карпошовци" во групата „Х" ќе биде познато по одигрувањето на следното коло од елиминациите во ФИБА Еврокупот во кои со посебно внимание избраниците на тренерот Борче Даскаловски ќе ги следат дуелите Солнок-Содертаље, односно бугарско-унгарската пресметка, Балкан-Фалко.

Овој групен дел од натпреварите, Карпош Соколи ќе ги стартува на 18. октомври, и тоа на гостински терен,против победникто на двомечот Солнок-Содертаље.
Во второто коло, на 25. октомври, „соколите" ќе играат дома против Нижњи Новгород (лани противник на МЗТ Скопје во Еврокупот), додека пак на 1. ноември им следува уште едно гостување, кај подобриот од дуелите Балкан-Фалко.
До крајот на оваа рунда, тимот од Карпош ќе игра и на 8, односно 15. ноември, додека последното шесто коло ќе се игра по паузата за евро-квалификациите за СК 2019, односно на 6. декември.
Инаку, согласно со системот за натпреварување, само првопласираните две екипи обезбедуваат пласман во онаа ТОП 16 фаза од ФИБА Еврокупот.

 

Најново во Кошарка