НЕМА ДИЛЕМИ КАЈ ПЛЕЈОТ НА ПАО

Обрадовиќ е најголемиот на сите времиња

Во разговорот со новинарите од „Еурохупс", организаторот на играта на грчкиот шампион, Пет Калатес, истакна дека Жељко Обрадовиќ е најдобриот тренер на сите времиња.

објавено: 24 јуни 2018 - 22:25

Дваесет и девет годишниот Грк, роден на Флорида, со актуелниот „шеф" во Фенербахче, соработуваше во периодот од 2009 до 2012 година.
А заедно ја освоија Евролигата во 2011 година.

„Обрадовиќ е најголемиот на сите времиња. Неговите играчи се секогаш подготвени во вистинско време, а неговите тимови се секогаш способни да играат најдобра кошарка и тоа во најбитните моменти. Неверојатно е како сето тоа му успева" – изјави Калатес кој во меѓувреме договори нова, тригодишна соработка со клубот од Атина.

Во својата кариера овок американски Грк играше и за Локомотив од Краснодар, а две сезони помина во НБА лигата, како играч на Мемфис Гризлис.

Најново во Кошарка