КАКОВ НАТПРЕВАР ЌЕ БИДЕ ОНОЈ ЧЕТВРТФИНАЛНИОТ

Обрадовиќ кон Атаман: Не ме почитуваш, не те почитувам! (ВИДЕО)

Се подготвува завршниот турнир од Купот на Турција, а како „немирна увертира“ е дуелот Фенербахче-Анадолу Ефес, во  кој, за жал, во главна улога се двајцата „завојувани“ тренери.

објавено: 13 февруари 2018 - 18:25

Се подготвува завршниот турнир од Купот на Турција, а како немирна увертира е дуелот Фенербахче-Анадолу Ефес, во главна улога се двајцата завојувани тренери.

„Сакам да зборувам на теренот. Се надевам дека мојот тим утре ќе покаже најдобри перформанси. Не сум дел од целокупната ситуација. Тренер сум веќе 26. години не само во Турција, туку во цела Европа, Покажував почитување спрема сите. Ќе продолжам тоа да го работам и во иднина... Но, ако некој не ме почитува, ниту јас нема да ја почитувам таа личност. За мене оваа тема е затворена"- рече Жељко Обрадовиќ на прес конференцијата пред стартот на финалниот турнир од Купот на Турција на кој првакот на Европа во првиот меч ќе се сретне со својот голем ривал Анадолу Ефес.

Ниту српскиот, а уште помалку турскиот стручњак во своите „дијалози" не го споменаа името на својот ривал со кого почнаа да „војуваат" по завршувањето на првенствениот дуел, во кој според Атаман, неговиот колега се однесувал неколегијално кога ги терал своите играчи да напаѓаат до последната секунда при убедливо водство.

„Го кажав моето мислење на оваа тема на претходната прес-конференција. Тренерот на Фенербахче рече дека 'нема коментар’. Овојпат јас велам: 'немам коментар', и ја затворам оваа тема"- кажа тренерот на „пиварите".

Во другите четвртфинални натпревари ќе се сретнат Ескишехир-Дарушафака, Тофаш-Сакарија и Бешикташ-Банвит.

Најново во Кошарка