И ПО 17 ПАТ ВО КАРИЕРАТА ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ЕВРОЛИГАШКИОТ„Ф4'

ОБРАДОВИЌ ЗНАЕ КАКО СЕ ОСВОЈУВА: Имам добро претчувство!

Тренерот на Фенербахче потврди дека агресивноста на неговиот тим била клуч на триумфот над Басконија во одлучувачкиот меч одигран во Виторија.

 

објавено: 27 април 2018 - 11:00

Актуелниот шампион на Европа со (3-1) ја елиминираше Басконија во четвртфиналето на плеј-офот во Евролигата, и обезбеди уште еден настап на завршниот турнир, оној кој од 18 до 20 мај ќе се игра во Белград.
А по 17. пат во својата неверојатна кариера, Жељко Обрадовиќ ќе се најде на завршниот турнир на елитното европско клупско натпреварување во кое досега девет пати беше на самиот врв.

„После првиот меч кој го одигравме овде во Виторија, направивме длабока анализа и се обидовме да се подготвиме за она што следуваше. Клучот, без дилеми, беше нашата агресивност. Ни беше јасно дека мораме да одиграме поинаков натпревар. Многу разговаравме за тоа, да бидеме агресивни и офанзивно и дефанзивно Ако се тргнат на страна неколкуте минути на почетокот, вериувам дека одигравме одлично. Имавме одличен проток на топката, игравме добра одбрана и го контролиравме натпреварот. Задоволен сум поради тоа, поради реакцијата на моите играчи "- рече српскиот стручњак, кој за неполн месец ќе игра пред домашната публика во Белград.

Обрадовиќ верува дека неговиот тим ја заслужил шансата да го брани трофејот освоен лани, на свој терен, во Истанбул.

„Победивме еден одличен тим кој знае да игра во секој момент. Имаат квалитет, голем број на добри играчи, и она што е најважно, играат како тим, и имаат одличен тренер. Пред почетокот на серијата многумина зборуваа дека Басконија е тим кој има можности да стигне до 'фајнал-форот'. Беше тешка серија, но јас верувам дека заслуживме да стигнеме до завршниот турнир"- нагласи предводникот на „Фенер" во уште еден евролигашки финален турнир.

Со забелешка дека ма тим во кој се играчи кои никогаш не играле еден ваков турнир.

„Имам добро чувство, првенствено затоа што имаме играчи кои никогаш не играле на фајнал-фор. Се шегувавме со нив во текот на сезоната, а и на почетокот на оваа серија. Им реков на оние другите да им објаснат што значи да се игра на фајнал-форот. Среќен сум поради нив, но и поради целиот тим затоа што одработија добра работа. Пред овој меч во соблекувалната им реков дека тука сме поради нивната работа, и дека можат да играат одлична кошарка, па затоа мораат да бидат агресивни на теренот, што и го покажаа".

На 18. мај во белградската Арена, за противник во полуфиналето шампионите ќе го имаат сензационалниоt Жалгирис воден од неверојатниоt Шарунас Јасикевичиус...

На ова ниво, кога имате осум најдобри тимови во Европа, сите зборуваме за тоа кој е фаворит, но такво нешто не постои. Жалгирис го победи Олимпијакос во псоелднито меч од регуларниот дел на сезоната. Повторно ги победи на тешкиот терен во Атина, а потоа славеше на двата меча дома, и тоа со солидна разлика. Го заслужија местото на фајнал-форот. Дали е тоа изненадување? Секогаше се говори дека тимовите кои имаат предност на домашен терен се фаворити. Но имаме многу примери кои велат дека тоа и не е баш така" – рече Обрадовиќ.

Најново во Кошарка