„ЦРВЕНОАРМЕЈЦИТЕ" СЕ НА ЧЕКОР ДО „ФАЈНАЛ-ФОРОТ"

Од тешко, потешко – но ЦСКА има 2:0 против Химки

Иако имаа постојано водство во финипшот на вториот меч, домашните кошаркари дозволија противникот да се „врати во игра" и да размислува за изненадување, но...

објавено: 19 април 2018 - 21:15

Оди тешко, но се победува...

По некоја ваква „логика" се водеа кошаркарите на ЦСКА и на вториот четвртфинален меч од Евролигата против „локалниот ривал" Химки.
Иако лишени за услугите на веројатно својот прв играч, Нандо Де Коло, иако се мачеа низ скоро целиот тек на мечот, на крајот, избраниците на Димитрис Итудис дојдоа до планираната цел.
Победија и по втор пат во серијата (89:84), па сега имаат сигурни (2-0) пред истата да се пресели во Подмосковието.

Уште еднаш се во своите раце превземаа бековите на „црвената армија". Пред сите Серхио Родригез кој реализира дабл-дабл од 26. поени и 10.асистенции,. Но имаше одлична соработка со Хигинс (19. поени), Клајбурн кој уфрли 16, што со подршката која дојде од Хантер (14) и Антонов 12, се покажа како доволно за „мир во куќа".
Во „недостаток" на „стандардните“ поени на Алексеј Швед (даде само 12), со 24. реализации Ентони Гил беше првото поентерско име кај Химки. А по 11. реализираа Марковиќ и Андерсон.
Третиот меч од серијата, кој може да биде и последен, се игра на 25. април.

 

Најново во Кошарка