Грците сигурни на гостувањето во Минхен

Олимпијакос го доби дербито во Баварија

Фенербахче и Анадолу Ефес славеа како домаќини против Дарушафака, односно Макаби ТА.

објавено: 20 ноември 2018 - 22:21

Кошаркарите на Олимпијакос го добија дербито на вечерта во рамките на 8. коло од Евролигата. На гостувањето во Минхен, Грците славеа со 72:62 против екипата на Баерн, во меч кој имаше интересен тек. Домашните одлично им парираа на гостите скоро три третини, но во последната, едноставно, не успеаја да го задржат здивот. 

Олимпијакос направи голема разлика од 8 поени само во последниот период и дојде до посакуваната победа. За Грците ова е четвртата победа оваа сезона, додека Баерн останува само на три победи во осум одиграни средби. Лидер кај победникот беше Ледли со 12 поени, а одлична парија имаа и Милутинов со 11 и Тима, Принтезис и Стрелниекс со по 10 поени.

Кошаркарите на Фенербахче, пак го добија турското дерби против Дарушафака со 100:79. Најефикасен кај победникот беше Мелих со 16 поени, а еден поен помалку имаше зад името на Боби Диксон. Кошаркарите, пак, на Анадолу Ефес, беа одлични пред своја публика на средбата со Макаби ТА и славеа со 90:77.  За Ефес ова беше шестата победа која полека го искачува меѓу петте најдобри екипи во Евролигата сезонава. Макаби ТА има само една победа во осум одиграни средби.

Најново во Кошарка