БОГДАН ТАЊЕВИЌ УДРИ ПО ЖОРДИ БАРТОМЕУ

Оној „приватникот од Евролигата“ се заеб..а со нас!

„Нејмар кој вреди 222.милиони евра мора да игра за репрезентацијата, а на кошаркарите им е забрането тоа, зошто? – констатира славниот стручњак

објавено: 11 август 2017 - 19:15

Богдан Тањевиќ отсекогаш важел за тренер кој отсекогаш говорел и јасно и гласно, што велиме дека е „без влакна на јазикот". И секогаш големиот стручњак знаел да погоди онака, точно во центарот".

А во најавната прес-конференција за трофејот „Белград" (се игра овој викенд), на кој ја предводи селекцијата на Црна Гора, Тањевиќ имаше што да каже на актуелните теми во европската и светската кошарка.

„Има повеќе од девет години откако пишав писмо до ФИБА во кое побарав на секое натпреварување да има по 14 кошаркари. И тие да бидат во ротацијата, да се менуваат, особено ако некој се повреди. Еве, замислете ја ситуацијата која ја има Србија, со повредите на Недовиќ и на Симоновиќ. То не може да „ се закрпи" за време на турнирот. Но има ситуации кога играчот може да се опорави пред самиот турнир или во оние први денови од турнирот. Во оваа ситуација остануваат без двајца важни играчи. И нема никакви причини за да не се воведе тоа правило, пред се затоа што токму тој 13 или 14 играч може да биде херој" - истакнува Тањевиќ за еден од проблемите кон ФИБА.

Искусниот тренерски маг упатува и друг вид на критики. Поврзани со оние глобални рамки.

„Она што исто така не ми се допаѓа е да нема никаков статус на репрезентацијата и на националните сојузи, што не е случај со НБА. Зошто НБА би требало да биде некое светско чудо?
Гледајте ги сега Роналдо или Меси. Фудбалерите мораат да играат за време на сите репрезентативни прозори, и плус пријателските натпревари... Клубовите плаќаат 222 милиони евра за Нејмар, а тој сепак ќе мора да игра и пријателски натпревари, да не зборувам натпреварувачки. Овде сега излегува дека кошаркарите се Марсовци. И сме во ситуација во која 'оној приватник од Евролигата' се за...ва со нас. А кошаркарите не сфаќаат дека во репрезентацијата се раѓаат новите кошаркари. Сега Србија која е најдобра во Европа, мора да размислува за тоа кој ќе може да игра во ноември, а кој не може"- потенцира Тањевиќ за овој и тоа како сериозен проблем во светската кошарка.

Најново во Кошарка