ИТАЛИЈА НЕ МОЖЕШЕ НИШТО ПРОТИВ СРПСКАТА ОДБРАНА

„Орлите“ долетаа до полуфиналето

Селекцијата на Србија одигра одлично во дефанзивата, ги лимитираше Италијанците на мал број на поени, и стигна до големите „четири“ на Евробаскетот (83:67)

објавено: 13 септември 2017 - 22:30

Србија е противникот на Русија во првото, а Словенија и Шпанија ќе играат во она другото полуфинале на Европското првенство кое се одржува во Турција.

Еден од топ фаворите за местата кои водат во финалето, ја оправда улогата и запиша сигурен триуѕмф против предизвикуваќот - Италија. На крајот бепше и у бедливо 

Италија - Србија 67:83 (17-18; 16-26; 15-15; 19-24) 

Две сосема различни тактички решенија барем во нападот, беа видени во првото полувреме. Италијаните како да инсистираа во шутот за три поени. Исфрлија дури 17 топки кон противничкиот кош од позицијата која носи три поени. Погодија сосема солидни седум обиди од нив. Збирно 21 од крајните 33. поени за „азурите" во 20. минути играње во последното четврфинале на турнирот во Истанбул.

Србија играше повеќе „внтре" во рекетот, каде и се доминантни со својот центарски двоец Марјановиќ-Кузмиќ. Изненадувачки, „орлите" не форсираа удар од далечина. Имаа само шест шутнати тројки (погодија две од нив).
Но нивната добитна комбинација во првото полувреме кое го решија со двоцифрени (44:33), беше скокот.
Звучи неверојатно, но Србија имаше дури 15 скока повеќе. Или осум офанзивни, еден повеќе од вкупниот италијански збир на собрани топки на двет страни од теренот.

Сликата во „Синан Ерден“ Арената не се смени ниту по големиот одмор.

Србија продолжи да игра колективно, пред се добро да се брани, Италијаните пак немаа „муниција да пукаат“. А и не им беше лесно да ја поминат дефанзивната линија на српската селекција, која продолжи со доминацијата во скокот, а имаше и поголем број на разиграни кошаркари. Практично сите сили во составот на Александар Ѓорѓевиќ работеа како што треба.

Видливо и според крајниот распоред на поените. Макар што одново поентерски предводник беше Богдан Богдановиќ, со 22 поени, записникот го пополнија и капитенот Мачван со 13, Лучиќ со 11, а Марјановиќ и Милосављевиќ по 10. 

Италија „се сведе“ на две имиња очекувано: Белинели - 18, Датоме - 15. 

Премалку да се изненади една сигурна Србија која си создаде шанса за реванш. Да ја совлада Русија која беше подобра од нив во онаа групна фаза од шампионатот, и да освои медал 

 

Најново во Кошарка