ВЕЧЕРВА СТАРТУВА НОВОТО ИЗДАНИЕ НА ЕВРОЛИГАТА

Останавме и без „евролигаш"

Како никогаш доега во изминатиот период, Македонија ќе нема свој претставник во најсилното клупско европско натпреварување...

објавено: 11 октомври 2018 - 17:30

По многу, многу години, македонската кошарка ќе нема свој претставник во најсилното натпреварување на Стариот континент – Евролигата.

Ниту во оној играчики, ниту пак во оној тренерскиот, на крајот и кога станува збор за оние официјални лица – судисиите и делегатите.
Не се памети кога за последен пат евролигашкото друштво било „осиромашено" со неучество на некој македонски актер.
За жал, тоа е реалната слика за квалитетите на македонската кошарка во овој момент, па затоа во наредните 30. кола плус плеј-офот и финалниот турнир во Виторија, ќе мора да си одбереме некој друг „странски фаворит".

А кој би можел да биде евролигашки шампион, односно да ги „симне" од тронот „кралевите" од Мадрид?
Се чини дека кругот на фаворити и понатаму е оној стариот. Затоа што малку е веројатно дека некој може да направи сериозне исчекор и да мим се приблиќи на екипите кои, на приме,р лани беа дел од фајнал-фор" турнирот во белград, Реал Мадрид, Фенербахче, ЦСКА, па и изненадувањето на сезоната – литванскиот Жалгирис.
Ѓто оглед ан тоа дека најдобрата „четворка"' следниот мај же се собере во виторија, можеби во тој круг на кандидатите треба да се вброи и домашната екипа – басконија, која уште на почетокот од натпреварите во Ендесе лига, најавува високи можности.
Многу се очекува од големото грчко дуо: Панатинаикос и Олимпијакос, во кругот за високи места секогаш мора да се смета и на тимови како барселона односно Макаби од Тел Авив, а се чини дека сосема непознати пак се дометите на новаците или повратниците во оваа конкуренција.

ЕВРОЛИГА 

ДВОЈКИ ПРВО КОЛО

ДЕНЕСКА:
19.00: Барселона – ЦСКА
20.00: Панатинаикос – Макаби ТА
20.30: Баерн – Анадолу Ефес
21.00: Реал Мадрид – Дарушафака
ПЕТОК:
18.45: Будуќност – Армани Милано
19.00: Химки – Олимпијакос
19.00: Жалгирис – Басконија
19.45: Фенербахче – Гран Канарија

Најново во Кошарка