ДАЛИ СЛЕДУВА ПРЕСЕЛБА

ОСТАНУВА ЛИ ШАРАС ВО КАУНАС: ЦСКА е „отворена книга"?

Генералниот менаџер на Жалгирис, Паулиус Мотијунас истакнува дека нема да биде воопшто лесно да го задржат тренерот Шарунас Јасикевичиус и следната сезона...

објавено: 22 мај 2018 - 20:00

Генералниот менаџер на Жалгирис, Паулиус Мотијунас истакнува дека нема да биде воопшто лесно да го задржат тренерот Шарунас Јасикевичиус и следната сезона...

„Ситуацијата е 50-50, тоа не се знае. Еден ден одам мирно да спијам знаејќи дека дефинитивно ќе остане. Наредниот веќе сум сигурен дека ќе си замине. Слушам разни приказни, и за европски, но и за тимови од НБА. Но и ние имаме свои плусеви, имаме и ние што да му понудиме за да остане" - изјави Мотијунас.

Заедно со Јасикевичиус на клупата, Жалгирис направи вистинска сензација откако стигна до место на финалниот ртурнир во Белград. А таму момците од „зелената шума" успехот го надградија со освојувањето на на третото место, кога во малото финале беа подобри од московска ЦСКА.

„Реал сигурно ќе го задржи тренерот, нема да го менува системот кој добро им функционира. Не сум загрижен кога се тие во прашање. Но затоа пак сум загрижен во врска со тимот кого го победивме на 'Фајнал-форот'. Притисикот над нив расте со секој изминат ден" - дополни оперативецот на славниот литвански клуб.

После дебаклот на Ф 4 во Белград, тренерот на ЦСКА, Димитрис Итудис изрази огромна нервоза кога беше запрашан за евентуален отказ, а од друга страна пак, Јасикевичиус не беше сигурен во одговорот дали ќе остане таму каде што е во овој момент.

Најново во Кошарка