СТАТИСТИКАТА НЕ ЛАЖЕ

ПЕКОЛ Е КОГА ИГРАШ ПРОТИВ ПАО: Имаат најмногу гледачи во Евролигата

Со просек од 12.029 посетители по натпревар, Панатинаикос е најгледаниот тим во досегашниот дел од евролигашката сезона.

објавено: 30 ноември 2017 - 16:00

Екипата на Панатинаикос ја ужива најголемата навивачка подршка во овој прв дел од сезоната во Евролигата.

Атинските „зелено-бели" во просек ги гледаат по 12.029 гледачи на натпреварите во ОАКА Арената.
„Зелено-белата" боја е омилена и во Каунас, каде во просек натпреварите на Жалгирис ги следат 11.516 гледачи.
Веднаш зад нив е актуелниот бранител на тронот во Евролигата, Фенербахче, кој игра пред просечно 11.382 свои фанови, или 87.2% од капацитет на „Улкер Арената" во Истанбул.
Интересно е и тоа дека максимална подршка во тој поглед, односно бројот на седиштата, има германскиот Бросе баскет.
Салата во Бамберг која собира 6.474 посетители е секогаш исполнета до последното место.
Затоа пак најмала бројка на гледачи, барем засега, бележи Барселона.
Каталонците во просек имаат по 5.365 гледачи, што е најслабо во Евролигата.

Оваа сезона, изненадувачки проблеми да ја наполнат својата Арена имаат и раководните луѓе на Црвена Звезда. Во уводните мечеви „црвено-белите" пополниле само 44.9% од седиштата во „белградската убавица".
У[те попоразитeлни бројки од нив имаат челниците на Анадолу Ефес, чии мечеви ги следат 5.671 навивач, или 35.4% од капацитетот на салата каде играaт (привремено) во оваа сезона од Евролигата.

ЛИСТА НА ГЛЕДАНОСТ ВО ЕВРОЛИГАТА

1 Панатинаикос — 12.029 (63.4%)
2 Жалгирис — 11.516 (74%)
3 Фенербахче — 11.382 (87,2%)
4 Басконија — 10.981 (70,8%)
5 Макаби ТА — 10.764 (97,3%)
6 Реал Мадрид — 9.222 (61.5%)
7 Црвена Звезда — 7.828 (44,9%)
8 Армани Милано — 7.747(61%)
9 Уникаха — 7.505 (66,4%)
10 ЦСКА — 7.494 (89,2%)
11 Олимпијакос — 7.454 (70,1%)
12 Бросе Бамберг — 6.474 (100%)
13 Валенсија— 6.056 (71,2%)
14 Анадолу Ефес — 5.671 (35,4%)
15 Химки — 5.634 (70,4%)
16 Барселона — 5.356 (70,6%)

Најново во Кошарка