ПОЗНАТ УШТЕ ЕДЕН УЧЕСНИК ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО

Перфектна Русија

Ниту белгиските „лалови" не беа пречка за мотивираниот руски состав кој славеше со сигурни (76:67), и по три одиграни меча си обезбеди продолжен престој на Босфорот.

објавено: 4 септември 2017 - 18:20

„Три од три" и по три кола обезбедено осминафинале. Тоа е (не)очекуваниот резултат на селекцијата на Русија во д сегментото од ЕП кој се одрува во Истанбул.

Иако не беа така уверливи, руските кошаркари полека го кршеа отпорот на борбените Белгијци. А како и обично, играчот околу кој се вртеа скоро сите работи во играта на „зборнаја команда" беше Алексеј Швед.

Макар што беше ограничен на 33% на реализација, бившиот НБА бек собра 20. поени, како и по шест скока односно додавања, и што е важно за неговата игра, имаше само две загубени топки.
Тимофеј Мозгов го испрати со 12, а Курбанов и Кхвостов со по десет поени.
Навистина, Белгија имаше водство во првата и на почетокот на втората четвртина. Но откако го превземаа водството, Русите полека го качуваа. Во финишот на третата беа на плус од 8. поени (53:45).
Моралот на „лавовите" дефинитивно беше скршен со четири поени на Зубков. Сите во само еден напад, по кој Русија имаше највисоки, и се покажаа како недостижни, (64:55).

Најново во Кошарка