За време на фајнл-фор завршница во Евролигата, чиј домаќин беше Белград, покрај дуелите на теренот, имаше интересни пресметки и надвор од теренот.
Иако Перо Антиќ оваа сезона мечевите ги следеше од трибините, сепак некогашниот капитен на македонската репрезентација беше во центарот на вниманието. Антиќ заедно со Богдан Богдановиќ се пресметаа во шутирање на тројки, а како победник излезе кошаркарот на Црвена Звезда.
„Конечно го победив пред камери. Денеска ќе се пензионирам“, се пошегува во Перо Антиќ.
Авантурата со неговиот голем пријател и некогашен соиграч од Фенербахче Богдановиќ продолжи во еден белградски ресторан, поточно на кебапи.