АНТИЌ НЕ ЈА САНИРА ПОВРЕДАТА

Перо повторно го нема, кризата на Црвена Ѕвезда трае ли трае....

Перо Антиќ не беше дел од составот на „црвено-белите" во Бамберг, каде Бросе Баскет беше многу подобар од АБА првакот (86:62).

објавено: 23 февруари 2018 - 22:38

Перо Антиќ уште еднаш во оваа сезона не се најде во составот на Црвена Ѕвезда. Но и без неговата помош, „црвено-белите" ја продолжија лошата низа на игри и на порази.

По загубата на Купот на Србија, актуелниот АБА шампион загуби и во натпреварот од Евролигата одигран во Бамберг.

Подобри од белградскиот состав беа кошаркарите на Бросе Баскетс кои стигнаа до сигурен триумф изразен со крајни (86:62).
По 23. одиграни кола, Црвена Ѕвезда има ефект од 9. победи и 14. порази со кој се наоѓа на 11. место во вкупниот поредок, колку што има и нивниот вечерашен противник кој во меѓувреме му врачи отказ на Италијанецот Андреа Тринкиери, па на овој меч во првата тренерска улога се најде Гркот Илија Канцурис.
Во другите натпревари од ова 23 коло, рускиот Химки го прегази Панатинаикос (78:61), додека пак се подобриот Жалгирис без проблеми го победи Анадолу Ефес во Истанбул (86:70).

Во шпанското, сега и евролигашко „Ел Класико“, во „Блауграна“, Реал Мадрид ја декласираше Барселона (101:74) и се реваншираше за поразот во Купот на Кралот пред некој ден во Гран Канарија.

Најново во Кошарка