СРБИНОТ ИМА „ДОЛГА МЕМОРИЈА“

ПЕШИЌ: Шарас во Барса, можеби, но како трет асистент кај мене!

Барселона планира да му понуди продолжување на договорот на искусниот српски стручњак, пренесуваат медиумите во Шпанија...

објавено: 11 јуни 2018 - 20:00

Неофицијално, каталонскиот клуб веќе извесно време се обидувал да го доведе Шарунас Јасикевичиус, но без успех.
Како што пренесуваат Шпанците, Шарас рекол дека ќе дојде во Барселона, но само под еден услов, да не мора да работи со Светислав Пешиќ, кој треба да стане функционер во клубот од „Блауграна".

„Ако дојде Јасикевичиус, тоа е само поради тоа што би ми бил трет асистент" – остро одговара Србинот, пред решавачкиот дуел на Барса со Басконија по кој беа елиминирани во полуфиналето на плеј-офот.

Извесно е дека српскиот стратег ќе остане на клупата на тимот од Каталонија со кој ја освоија Евролигата во 2003 година. А токму од таа сезона датира и лошиот однос помеѓу Пешиќ и Јасикевичиус, откако Литванецот го обвини искусниот тренер зa отказот кој го доби од „бордо-сините".

Најново во Кошарка