РИК ПИТИНО ПОЧНА ДА ДЕЛИ ЛЕКЦИИ:

Победите дома се за деца, на гости покажи го карактерот!

После победата над Баерн, тренерот на Панатинаикос, Рик Питино не беше баш најзадоволен, а порачува дека неговиот тим во наредните кола од Евролигата треба да покаже карактер кога играат надвор од Атина...

објавено: 10 јануари 2019 - 16:15

Во 17. коло од Евролигата, Панатинаикос беше подобар од Барен, но американскиот стручњак не беше баш воодушевен од играта на неговиот тим. Дури предупредува дека следува напорен период за екипата.

„Очигледно е дека се потребни вакви победи на домашен терен за да се влезе во плеј-офот. Оваа победа е значајна поради тоа, затоа што е против ривал кој се бори за истата позиција. Среќен сум , но мораме да напредуваме, пред се, кога се однесува за кондицијата на екипата. Покажавме доста слабости особено во рекетот. Добар тим сме, имаме талент, но мораме да работиме на физичката кондиција и одбраната"- вели тренерот на ПАО.

Но друг поголем проблем е немањето „гостински победи", а следува гостувањето во Барселона.

„Од моето 41 годишпно искуство, знам дека е многу важно да добие на гости. За да бидеме во плеј-офот мораме да победуваме и на страна. Ако ги добиеме оние домашни мечеви, ќе бидеме на 50%. Тоа е тест за деца. Секогаш им зборував на децата од колеџот, карактерот се гледа на натпреварите на гостински терен"- вели долгогодишниот колеџ тренер,

Освен со Барселона, ПАО ќе игра на гости и против Жалгирис во Каунас и Макаби во Тел Авив. А за тие мечеви ќе биде посилен за негтовито сонародник од САД, Шон Килпатрик, со кој ПАО направи договор во меѓувреме.

Најново во Кошарка