На потег се клубовите од елитната конкуренција

ПОЧНУВА ЛУДИЛОТО: Четири евролигашки имиња на црногорскиот список

Дали Црвена Звезда Валенсија, Химки и Реал Мадрид ќе ги пуштат да играат во квалификациите за Светскиот Куп?

објавено: 16 октомври 2017 - 22:30

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Црна Гора, Звездан Митровиќ, го соопшти прелиминарниот список за квалификациите за Светското првенство, а на истиот се наоѓаат и играчи кои настапуваат за тимови од Евролигата.
На тој начин, Црногорците станаа првата репрезентација која ги постави тие играчи на списокот, па сега се чини дека следниот потег го имаат токму тие клубови.

Конкретно, станува збор за четворица играчи, Милко Бјелица, кој игра заедно со нашиот Перо Антиќ во Црвена Звезда, потоа Марко Тодоровиќ од рускиот Химки, Бојан Дубљевиќ, кој е еден од најдобрите играчи на шпанската Валенскија, плус најмладиот во ова друштво, Дино Радончиќ од Реал Мадрид.
Како што беше очекувано, на списокот на новиот црогорски селектор, ги нема играчите од НБА лигата, односно Никола Вучевиќ, кој е дел од екипата на Орландо Меџик.
Првиот човек на Евролигата Жорди Бертомеу најави дека од нивна страна нека да има санкции за играчите кои ќе настапат во квалификациите, а кои се„поклопуваат" со календарот од елитното натпреварување .
Сега е редот на клубовите, сепак, ова е сигнал дека федерациите се подготвени да одат до крај, па кој ќе победи останува да почекаме до последната седмица од ноември кога се играат првите мечеви од прет-квалификациите.

Најново во Кошарка