УШТЕ ЕДНАШ ЗА ГЕНЕРАЛНИОТ МЕНАЏЕР НА ХИМКИ

Попрво би делел бонуси отколку казни!

Павел Астахов потврди дека и дефиниитвно е повлечена казната која пред извесно време им ја изрекна на комплетниот персонал а тимот од Подмосковието поради наводно незалагање...

објавено: 21 февруари 2018 - 15:20

Павел Астахов уште еднаш ја изненади копшаркарската јавност во Русија, и повторно е поврзана со клубот каде е генерален менаџер – Химки.

Астахов потврди дека она што го изјави после поразот на екипата од Калев во ВТБ лигата повеќе не важи.

„Точно е дека казната е повлечена. Од првито момент рекот дека нема да има казни ако тимот го промени својот став. Мојата цел не е да казнувам, туку да го мотивирам тимот. Да бидам искрен, би сакал да е спротивното, а тоа е да им делам бонуси на играчите по победите. Сега е се во ред" - вели Астахов за руските медиуми.

Со скор 13-9 тимот од Подмосковието е наоѓа на седмото место на евролигашката табела. Скорот во ВТБ лигата е нешто над 50% (8-7).

Најново во Кошарка