ЦСКА ГО РЕШАВА ГЛАВНОТО ПРАШАЊЕ- ПЛЕЈМЕЈКЕРСКОТО

После ТЕО, „армијата" ќе ја води ЧАЧО?

Неофицијално, шпанскиот бек се согласил на тригодишен договор, вреден 10.7 милиони евра.

објавено: 16 јули 2017 - 10:30

Милош Теодосиќ замина во НБА, а Серхио Родригез ќе се врати од таму во Евролигата?
Тоа би требало да биде идејата според која се раководи раководството на ЦСКА во овој летен преоден рок.
Откако стана јасно дека српскиот плејмејкер ќе си ја проба среќата и во најсилната лига на светот, „армејците" се во потрага по вистинска замена, и извесно е дека брзо ја пронајдоа.
И тоа кај доскорешниот бек на Филаделфија Сиксерс, а пред тоа на Реал Мадрид.


Барме така вели познатиот израелски новинар Дејвид Пик.
Минатата недела „црвените" од Москва испратија понуда до популарниот „Чачо" – договор на три години, вреден 10.7 милиони евра.
И евидентно е дека тоа беше и повеќе од доволно за една од најпознатите „бради" во светот на кошарката да се одлучи на враќање на Стариот континент.
Минатата сезона во дресот на Филафелдија одигра 68.натпревари на кои во просек реализираше по 7.8 поени и 5.1 асистенција.
Раководството на ЦСКА и тренерот Димитрис Итудис од Родригез очекуваат успешно да „влезе во патиките" на Милош Теодосиќ, кој неодамна потпиша двегодишен договор со ЛА Клиперс.
Претходно, московскиот клуб веќе ангажираше еден играч кој јасно е, ќе биде резервен плеј – станува збор за Французинот Лео Вестерман.

 

Најново во Кошарка