БУКВАЛНО - ОД ПАТИКИ ВО ОДЕЛО

Приџони ја превзема Баскониа

Баскијците останаа без Сито Алонсо кој се пресели во Каталонија, но реагираа експресно, и на неговото место го постави Аргентинецот без никакво тренерско искуство.

објавено: 16 јуни 2017 - 20:30

Пабло Приџони е решението на управата на Баскониа за испразнетото тренерско место во шпанскиот евролигаш.

Молневито реагираа Баскијците откако дознаа дека ќе останат без Сито Алонсо, кој доби повик од Барселона, и го прифати. Се одлучија првата тренерска позиција да ја пополнат со еден тренерски „аматер".
Решија да му дадат шанса на Приџони, кој практично од „патики влетува во чевли односно одело", со оглед на тоа дека во јануари, оваа година, прекина со активното играње на кошарка.


И дека очигледно е дека овие неколку месеци ги искористил да се подготви за оваа задача, и момент кој дојде и порано од што реално се надевал и самито тој.
Како играч, Приџони важеше за одличен организатор на играта. Ја донесе Аргентина до бронзениот медал на Олимписките Игри во пекинг во 2008 година, но и до голем број на други сјајни одличја на американските, но и првенствата на Јужна Америка.

 

Најново во Кошарка