ДЕЛ ОД ТРЕНЕРИТЕ ВО ЕВРОЛИГАТА ПРОГНОЗИРАА

Реал и ЦСКА сигурно на „Ф4“, „Фенер" и не баш!

Вечерва стартуваат четвртфиналните серии на Евролигата. А тренерите на екипите кои не се во четвртфиналето ги дадоа своите прогонози...

објавено: 18 април 2017 - 17:15

Вечерва почнува расплетот во Евролигата...

Четвртфиналните серии од плеј-офот се играат „до три", после кои ќе ги дознаеме учесниците ан „Фајнал-фор" турнирот во Истанбул кој е предвиден да се одигра во период од 19 до 21. мај во Истанбул.
А четвртфиналето ќе го отвори официјалниот шампион на Евролигата, ЦСКА, која за „предизвикувач" ќе ја има шпанската Басконија. Средба која е закажана за вечерва од 19. часот во Москва.
Оваа сезона, „црвените" загубија само еден меч на домашен терен. Оној на 23. декември кога беа победени од Фенербахче на нашиот Перо Антиќ. И тоа по продолжението од пет минути (95:79), Но затоа пак во дуелите со баскијците немаат забележано пораз уште од 2005 година.
Во 2002 гоина, Басконија, која тогаш се викаше Таукерамика, ја победи ЦСКА со (90:73), а три години подоцна и со (85:78), по што „армеејците" врзаа дури 12. победи во серија.
Сметајќи ги мечевите во Виторија, ЦСКА ги доби деветте од последните 12. средби се екипата која ја води Сито Алонсо, која на 17. март оваа година успеа да го победи оној кој го предводи Димитрис Итудис во драматична завршница во Виторија (79:78).


Некој час подоцна, најтрофејниот тренер во историјата на Евролигата, Жељко Обрадовиќ ќе се појави во Атина. И тоа во оној „зелено-бел" дел во кој како предводник на Панатинаикос донесе пет од оние шест европски титули во историјата на „зелените детелинки".
За прв пат откако играат во плеј-офот, за пласман на „Фајнал-форот" мора да биде подобар од ПАО, чиј пак сопственик Димитрис Јанакопулос го информираше тренерот Чави Пасквал и играчите, дека ги чека бонус од 250.000 евра ако го исфрлат Обрадовиќ и Фенербахче и се пласираат на „Ф4" во Истанбул.
А во меѓувреме, Евролигата ги контактираше тренерите на тимовите кои нема да учествуваат во ТОП 8 фазата, и ги побара нивните прогнози на четвртфиналните серии.
Прогнозираа сите, освен Дејан Радоњиќ од Црвена Звезда, Ергин Атаман (Галатасарај) и Евгениј Пашутин од Уникс, чии типови ги нема(ше) на официјалната страна ан Евролигата.
Што очекуваат шефовите на струката во Бросе Баскетс, Макаби ТА, Жалгирис, Армани и Барселона...

АНДРЕА ТРИНКИЕРИ (БРОСЕ БАСКЕТС):
Реал Мадрид - Дарушафака 3:1
ЦСКА - Басконија 3:1
Олимпијакос - Анадолу Ефес 3:2
Панатинаикос - Фенербахче 1:3

АИНАР БАГАЦКИС (МАКАБИ ТА):
Реал Мадрид - Дарушафака 3:2
ЦСКА - Басконија 3:1
Олимпијакос - Анадолу Ефес 3:1
Панатинаикос - Фенербахче 3:2

ШАРУНАС ЈАСИКЕВИЧИУС (ЖАЛГИРИС):
Реал Мадрид - Дарушафака 3:1
ЦСКА - Басконија 3:0
Олимпијакос - Анадолу Ефес 3:1
Панатинаикос - Фенербахче 3:2

ЈАСМИН РЕПЕША (АРМАНИ):
Реал Мадрид - Дарушафака 3:1
ЦСКА - Басконија 3:0
Олимпијакос - Анадолу Ефес 2:3
Панатинаикос - Фенербахче 3:2

ЈОРГОС БАРЦОКАС (БАРСЕЛОНА):
Реал Мадрид - Дарушафака 3:1
ЦСКА - Басконија 3:1
Олимпијакос - Анадолу Ефес 3.2
Панатинаикос - Фенербахче 1:3

Најново во Кошарка