Само најтрофејниот европски клуб славеше на гости

Реал ја расипа домашната доминација, ЦСКА ја декласираше Црвена Ѕвезда

Реал Мадрид е единствената екипа што славеше на гостински терен, на петте денешни натпревари во Евролигата

објавено: 9 февруари 2017 - 22:35

Реал Мадрид е единствената екипа што славеше на гостински терен, на петте денешни натпревари во Евролигата. „Кралскиот клуб“ го чува врвот со победи, а вечерва во Казањ „падна“ Уникс со 81:77.

На сите останати дуели славеа домашните екипи, а најубедлива беше ЦСКА Москва. Популарните „Армејци“ со победа од 22 поени разлика, 102:80 и се реваншираа на Црвена Звезда за поразот во Белград. Рускиот состав е актуелен шампион на Европа и моментно е второпласирана екипа во Евролигата зад Реал.

Анадолу Ефес во трилер завршница победи со 90:86 против Армани Милано, а мечот мина во знак на свеченоста, на која беше повлечен дресот со број 7 на нашиот Петар Наумоски. Пеце беше присутен и доби овации на полувремето, а Ефес за првпат повлекува дрес на кошаркар кој настапувал за овој клуб.

Во еднакво возбудлив меч Макаби во Тел Авив ја победи Басконија со 85.84, доедак Панатинаикос на свој терен славеше со 81.72 против Бамберг. 

Најново во Кошарка