ЗАТВОРЕН УШТЕ ЕДЕН КЛУБ ВО ТУРЦИЈА

СЕГА Е НАВИСТИНА КРАЈ: Ушак Спортиф нема пари!

Тоа е третиот клуб во само неколку месеци, после Јешилгиресун и Ескишехир кој престанува со активностите..

објавено: 10 август 2018 - 09:45

Раководството на УШАК Спортиф објави уште една нималку убава вест за турската елитна кошарка. Истата вели дека поради финансиски причини и недостиг на средства за нормално функционирање, клубот преставува со понатамошните активности.

Ова е третиот клуб во елитното друштво на турската коашрка, после Јешилгиресун и Ескишехир кој е затворен поради финансиската криза во оваа земја.
Она што е делумно позитивно е најавата на челниците на овој турскиот прволигаш, дека постои шанса во некој нареден период да се вратат на кошаркарска сцена, и дека ќе продолжат да инвестираат во младите кошаркари од овој регион на Турција.

Најново во Кошарка