„ЗМАЕВИТЕ“ ЈА ДЕТРОНИЗИРАА ШПАНИЈА, ЗА ИСТОРИСКИ МЕДАЛ

Сензација од Словенија

Европа ќе има нов кошаркарски шампион. Дали тоа ќе биде Словенија која им го зема скалпот на Шпанците во првото полуфинале (92:72), или победникот од утрешното второ полуфинале, Србија-Русија.

објавено: 14 септември 2017 - 22:18

На денот кога пред шест години Македонија стигна до најголемиот успех во репрезентатиовната кошарка, уште поголем подвиг на едно големо натпреварување какво што е Европското првенство, направија кошаркарите на Словенија.

Во дуелот на двете непобедливи екипи, кој претствуваше прв полуфинален, Словенија ја шокираше Шпанија.

Славеа „змаевите" со неверојатни, но вистинити ( 92:72) па во недела навечер, на истото место, во „Синан Ерден "Арената ќе го чекаат противникот, ќе биде победникот од утрешниот втор полуфинален меч во кој се среќаваат Србија и Русија.

И да, веќе го имаат првиот историски медал во историјата на словенечката кошарка, и ќе се борат за оној најсјаниот - златниот.

 
Како и да е, Европа ќе има нов кошаркарски шампион. Оној стариот не беше на нивото на задачата, и сите оние слаби моменти кои ги имаа во претходните средби ги „споија" во овој меч.
Но многу повеќе за крајниот епилог заслужни беа момците на Игор Кокошков кои едноставно имаа уште една своја вечер... Пред се шутерска.
Звучи неверојатно, но во еден дел од полуфиналето имаа и шут за три 10/12. И на крајот беа јаки , имаа 14/25 или 56%.

Но тоа е помалку важно. Како што е небитно дека Драгиќ и Рејндолф имаа по 15, Препелич 13, Видмар 12, а Дончиќ „само“ 11 поени, но и 12. скока и 8.асистенции.

Се заедно премногу дури и за „црвената фурија“ која ова вечер „дувкаше“, јасо и поради што. Браќата Гасол искомбинираа 28 поени (16 плус 12), а трет „двоцифрeн“ беше само уште Серхио Родригез - имаше баксузни и за него и за Шпанија, 13. поени.

Најново во Кошарка