ОВА ГО ЧЕКАА ГЕНЕРАЛНИТЕ МЕНАЏЕРИ ВО НБА:

Сензационалниот Лука Дончиќ излегува на драфт, ќе биде меѓу првите три пика

Сега е службено...

објавено: 22 април 2018 - 16:00

Најголемата млада кошаркарска ѕвезда на Европа, словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ ги предаде документите и официјално се пријави за овогодинешниот драфт во НБА лигата.
Играчот на кој му се предвидува дека ќе биде меѓу првите три пика на драфтот оваа година, е желба на многу НБА тимови, а скоро сите генерални менаџери во лигата го следеа и го следат развојот на Дончиќ во изминатите две години во Европа.
Сега конечно дочекаа и негова службена пријава за драфтот.

Во овој момент Дончиќ има најдобра валоризација во Евролигата. Во просек уфрла по 16.3 поени, има и 4.7 скока односно 4.4 асистенции со просек од 25.минути по натпревар, и е еден од главните кандидати за признанието најкорисен играч во Евролигата, што досега не е забележано ако се земе в предвид тоа дека има само 19. години.
Во овој момент Словенецот е дел од плеј-офот во Евролигата и со својот клуб, Реаал Мадрид е на чекор до пласман на „Фајнал-фор" По првите два меча во Атина, Реал има нерешени (1-1) во серијата со Панатинаикос, која се сели во Мадрид каде се играат наредните два меча.

 

Најново во Кошарка