МЛАДИОТ СЛОВЕНЕЦ Е МОШНЕ „АКТИВЕН“ И „НАДВОР ОД ТЕРЕНОТ'

ШАМПИОНСКИ ПОТЕГ НА НАЈДОБРИОТ: Каде отиде шампионскиот дрес на Лука Дончиќ (ФОТО)

Од денеска, „седумката" со која Лука Дончиќ стигна до својата прва евролигашка титула како играч на Реал Мадрид, ќе биде дел од Музејот „Дражен Петровиќ"во Загреб.

објавено: 22 мај 2018 - 22:00

Иако има само 19 години, се чини дека уште од сега освен што е голем кошаркари, шампион, ги знае и оние други работи, надвор од теренот.

Од „ѕвезда во подем" за само осум месеци помина некој пат што одредени обични „смртници" не можат да го направат за цел свој живот.
Беспредметно е и да се бројат сите оние награди, оние признанија, кои ги доби во изминатиот период, но се чини дека многу поважно е што некој од тие големи ѕвезди ќе направи „надвор од теренот".
Па така ова деветнаесетгодишно момче кое од наредната сезона скоро сигурно ќе игра во НБА лигата, одлучи шампионскиот дрес на „кралскиот клуб" со својот потпис да му го подари на Музејот „Дражен Петровиќ".

„За Драженовиот музеј" – напиша сјајниот Словенец, за кого многумина велат дека може да тргне по патеката на кошаркарскиот „Моцарт".

„Во оваа прилика му честитаме на Реал за освоената титула, а на Лука Дончиќ, титулата за МВП на лигашкиот дел и на фајнал-фор турнирот во Белград. Исто така му се заблагодаруваме на младиот Словенец што ни го испрати својот потпишан дрес кој од сега ќе биде изложен во нашиот музеј, заедно со дресовите на останатите великани на светската кошарка" – се вели во соопштението на музејот „Дражен Петровиќ".

Најново во Кошарка