МОМЦИТЕ ОД„ЗЕЛЕНАТА ШУМА"ПО СЕНЗАЦИЈА ВО БЕЛГРАДСКАТА АРЕНА

ШАРАС: Добро е што нема да играм „ еден на еден " со Жељко

Свесен е Шарунас Јасикевичиус дека неговиот Жалгирис го чека ѓаволски тешка задача во дуелот со Фенербахче

објавено: 18 мај 2018 - 14:30

Литванските легенди од Жалгирис, споени во името Жалгирис се најпријатното изненадување на ова издание на Евролигата. Момците од „зелената шума" предводени од неверојатниот Шарунас Јасикевичиус на клупата, стигнаа до „Фајнал-фор" турнирот во Белград, а во полуфиналето, вечерва од 18.часот, ги чека дуелот со бранителот на титулата - Фенербахче
Првото полуфинале нема да биде само судир на два тима, туку и пред се на младиот тренер, каков што е Јасикевичиус и неговиот кошаркарски ментор – Жељко Обрадовиќ.


Двајцата соработуваа во Панатинаикос, со кој стигнаа и до европскиот трон, а сега ќе се борат за пласман во финалето на престижното елитното натпреварување.

„Му благодарам на Господ што не играме 'еден на еден' со Жељко. Знаеме колку е тешко да се игра против актуелниот првак, но се надеваме на еден добар натпревар "- рече популарниот Шарас пред седмата сила собрана во голем број во салата за прес-конференции во белградската арена. 

Јасикевичиус е и тоа како свесен дека неговиот тим ги надмина сите очекувања во оваа сезона, но се труди да не размислува понатаму од првиот предизвик во Белград.

„Фајнал-форот е веќе големо достигнување. Сигурен сум дека тие ќе играат сјајно, но и треба да биде тешко. Како и секој тренер, се концентрирам на дневната работа, на она што следува. Среќен сум што имам играчи кои сакаат да учат, и сакаат да напредуваат. Гледаме само кон наредната средба, така е низ целата сезона. Ќе се трудиме да го изненадиме Фенер".

Жалгирис има една титула на европски шампион, онаа која ја освоија во 1999 година. А после скоро две децении литванскиот гигант по кошарка ќе се обиде да ги изненади големите европски сили во овој спорт.

Најново во Кошарка