Убедлива победа на кралевите против Валенсија

Шпанското дерби за Реал Мадрид, Дончиќ исклучен (Видео)

Реал Мадрид ја декласираше Валенсија со 19 поени разлика во дербито од 13. коло во Евролигата, а мечот го одбележа неспортскиот потег и исклучувањето на Лука Дончиќ

објавено: 19 декември 2017 - 22:49

Реал Мадрид ја декласираше Валенсија со 19 поени разлика во дербито од 13. коло во Евролигата, а мечот го одбележа неспортскиот потег и исклучувањето на Лука Дончиќ.

Младата ѕвезда на „кралевите“ со лакт во скок го удри Плес и веднаш беше исклучен. Словенецот збесна, но мораше да го напушти теренот, но и без него Реал Мадрид ја декласира Валенсија со 91:72.

И во останатите денешни натпревари од 13. коло домаќините славеа победи. Фенербахче ја декласира Црвена Звезда со 82:56, Жалгирис го победи Бамберг со 88:84, а и Панатинаикос беше сигурен и славеше со 89:76 против Макаби Тел Авив.

Најново во Кошарка