РУСИТЕ ЈА „СКРШИЈА" ВЕЛИКА БРИТАНИЈА НА КРАЈОТ

Швед ги избомбардира Британците

Алексеј Швед уште еднаш покажа дека е лидерот на оваа Русија која може да заврши и како прва во групата „Д"..Чекаат победа на Турција против Летонија..

објавено: 7 септември 2017 - 15:55

Русите мислеа дека ќе им биде лесно со Британците. Особено по првите дваесет минути во кои направија сосема солидна, и двоцифрена разлика (43:31).

Но работите почнаа да се менуваат откако двете екипи се вратија на теренот по онаа 15 минутна пауза.
Излегоа две сосема различни селекции. Во 27. минута, Велика Британија стигна до негатива од само три поени (51:54), потоа и до (54:57), пред Мозгов, со неколку слободни фрлања, да ја одвои руската селекција на комотни (61:54).
Тука некаде беше „скршен" отпорот на упорните британциј, кои уште еднаш се заканија, но се остана само на тој нивни обид.


Со серија од неколку слободни фрлања, и двете тројки кои дојдоа од Швед, руската селекција ги тргна сите дилеми околу конечниот победник (82:70).
На крајот, маестралното руско крило заврши со 30. поени (12 во последниот период), Фридзон имаше 14. а Мозгов и Воронцевич по 11.
Ден Кларк конечно беше вистинскиот водач на Братианија, Даде екс играчот на МЗТ Скопхе 21. поен, Оласени имаше уште 19. Но не можеа ништо освен чесно простување од овој Евробаскет на кој, да не заборавиме, додоа преку Македонија во оние лански квалификации.
СЛИКА: АЛЕКСЕЈ ШВЕД- РУСИЈА

 

Најново во Кошарка