ВО МОСКВА ЌЕ СЕ ИГРА БАРЕМ УШТЕ ЕДЕН 14/ ФИНАЛЕН МЕЧ

Швед и Гил ја сопреа „црвената армија"

Два натпревари го немаше никаде, но кога треба, секогаш е тука

објавено: 25 април 2018 - 21:29

Алексеј Швед, со помош на Ентони Гил успеа во обидот да ја одложи промоцијата на ЦСКА во учесник на финалниот турнир од Евролигата.

Во Подмосковието, Химки – ЦСКА (79:73), или (2-1) во еријата која за две вечери продолжува на истата локација.

За 30.минути на паркетот, Швед реализираше 27. поени (7/12 за два и 2/8 за три поени), дополнети со по 4. скока и исто толку асистенции.
Гил имаше уште подобра реализација во обидите со кои дојде до 22. поени (6/7 за два, 2/2 за три и 4/6 за еден поен), на кои додаде и седум скока и две додавања.
На другата страна вистински им парираше Кори Хигинс, стрелец на 26. поени (6/10 за два и 3/4 за три поени), Хантер уфрли уште 16, а Родригез 15. поени за фаворитската екипа од Москва која ја пропушти првата меч топка за пат кон Белград.

 

Најново во Кошарка