ФЕНЕРБАХЧЕ ПОЧНА ДА ГИ ТРОШИ ПАРИТЕ

Синан Гулер за уште посјајен „Фенер"

Во ист ден, евролигашкиот шампион обезбеди мега договор и супер засилување

објавено: 1 јули 2017 - 20:35

Во рок од неполни 24 часа, две супер работи му се случија на актуелниот европски шампион – Фенербахче.

Прво, популарните „канаринци" од Истанбул добија нов генерален спонзор, а недолго потоа слета и првото големо (ново) засилување за наредната натпреварувачка сезона.
Во обидот да ја одбрани шампионската титула, тимот чиј дел е и нашиот Перо Антиќ, сега со суфикс „Догуш", ќе биде посилен за Синан Гулер.


Сите релеванти турски медиуми соопштија дека Фенербахче потпишал двегодишен договор со еден до најреномираните турски кошаркари.
И ако сето ова се покаже и како официјално, тогаш искусниот бек ќе стане еден од ретките кошаркари кои во својата кариера заиграле за четирите најголеми турски клубови – Бешикташ, Анадолу Ефес, Галатасарај, и сега Фенербахче.
Покрај овие тимови, макар и на кратко време, Гулер настапуваше и за петтиот тим од Истанбул, Дарушафака, а пред да тргне оваа истанбулска приказна, се школуваше на американските колеџи.
Иако има скоро 33 години, зад Гулер е една одлична сезона во Евролигата. Турскиот репрезентативец во просек реализираше по 10.5 поени, а имаше и 5.6 додавања по натпревар.

Најново во Кошарка