И ТОА Е ДЕЛ ОД СПОРТОТ, ЗА ЖАЛ...

Скапо платена победа на „Фенер", хорор-повреда на Енис (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Пред кошаркарот на Фенербахче е малку подолга пауза...

објавено: 22 октомври 2018 - 10:30

Кошаркарите на Фенербахче како гости го совладаа Бујукчекмече со убедливи (96:69), во натпреварот од третото коло во Суперлигата на Турција. Но овој дуел во Истанбул остана во сенка на тешката повреда на Тајлер Енис, играчот на гигантот од Босфорот.

На средината на првата четвртина Енис тргна во продор кон противничкиот кош, а потоа доживеа отворен „прелом" на потколеницата.
Несреќниот момент прв го забележа Малком Арстед, кошаркарот на домашната екиупа, кој веднаш се фати за глава, неверувајќи за каква повреда станува збор, а Енис се превиткуваше на паркетот од болката во пределот на десната нога.
Фенербахче и понатаму има максимален ефект, но останува да се види колку долго Тајлер Енис ќе отсуствува од теренот. 

Најново во Кошарка