ШПАНЦИТЕ МОЖАТ И ТАКОВ ЛУКСУЗ...

СКАРИОЛО: Пау не изгледа како да има 37 години!

Селекторот на „црвената фурија", која е една од најубедливите на ЕП, си го дозволи и тоа против Романија да игра без својот најдобар играч кој доби „одмор"...

објавено: 5 септември 2017 - 11:00

Пау Гасол не играше за Шпанија во дуелот со Романија, но и покрај тоа, „црвената фурија" го оддува и домаќинот на турнирот во Клуж со 41 поен разлика.

Се чини дека шпанскиот селектор Серџо Скарило се одлучи за една добро проверена тактика, која на пример во НБА лигата ја применува и славниот тренер на Сан Антонио, Грег Попович.
Па на средбата против слабиот домашен состав, се реши да му даде одмор на постариот од браќата Гасол.

„Ја исполнивме својата цел, а тоа е да победуваме и да играме добро. Ова беше само еден чекор напред. Навистина немаше некоја преголема потреба Пау да игра на овој меч, само сакам на вистински начин да се опорави еден играч кој секако игра како да нема 37 години"- рече после мечот и третата убедлива победа на топ фаворитот, нивниот предводник од клупата.

Најново во Кошарка