ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ПРЕТСТОЈНИОТ ЕВРОБАСКЕТ

Скоти Вилбекин ќе стане Романец?

Романските медиуми пишуваат дека американскиот кошаркар на Дарушафака би можел да настапи за селекцијата која е еден од четирите земји-организатори.

објавено: 19 март 2017 - 15:30

Еден од домаќините на Европското првенство во 2017 година, Романија, би можела да добие големо засилување, и тоа во вид на натурализација на еден квалитетен странски кошаркар. Поточно на Американецот Скоти Вилбекин, кој зад себе има одлична сезона во екипата на Дарушфака.

 

Така барем тврдат спортските медиуми во Романија.
Селекторот Марсел Тентер треба да донесе одлука, односно да избере еден од понудените странци, но Вилбекин се споменува како можна, но и реална опција.
Романија,. заедно сио Израел, Финска и Турција ќе биде домаќин на Евробаскетот, а оваа земја се повеќе вложува во кошарката. Затоа и нема да биде никакво изненадување доколу Вилбекин се појави во „жолто-синиот" дрес на Романија, која е дел од групата „Ц" во која се уште и селекциите на Хрватска, Шпанија, Чешка, Црна Гора и Унгарија кои ќе разигруваат во Клуж.
Секако, тоа во голема мерка би му ја олеснило продолжението на кариерата на Стариот континент затоа што ќе има и пасош на земја од Европската Унија.
Вреди да се напомене и тоа дека скоро во исто време Вилбекин е блиску до обновување на соработката со турскиот Евролигаш

Најново во Кошарка