ЕВРО ШАМПИОНОТ ИМА НОВ СЕЛЕКТОР

СЛОВЕНЕЧКА ТАКТИКА: Трифуновиќ како „привремено решение"

Игор Кокошков на „принуден одмор", а „финтата“ е да продолжи неговиот асистент – Радован Трифуновиќ, но само во квалификациите за СП 2019...

објавено: 10 октомври 2017 - 14:10

Европските кошаркарски прваци – Словенците, имаат нов селектор. После Евробаскетот беше јасно дека Игор Кокошков не може да ја води екипата во квалификациите за СП во Кина, затоа што има обврски во НБА лигата, па словенечката федерација веќе најде и замена

Радован Трифуновиќ ќе биде селектор на Словенија. Но само додека траат квалификациите за СК во Кина 2019. А во случај на пласман на Мундобаскетот, Кокошков ќе се врати на клупата.
Новиот словенечки селектор со години е дел од младинските селеккции на земјата под Алпите. А освен кај Кокошков, беше асистент и во тимот на Јуриј Здовц, додека пак „самостојно" ги водел Хелиос Домжале и Златорог.
Во квалификациите за Светскиот куп кои стартуваат во ноември, европскиот првак ќе игра против селекциитена Шпанија, Белорусија и Црна Гора.

 

Најново во Кошарка