„ЗМАЕВИТЕ" НЕ ЗАСТАНУВААТ, ЈА УНИШТИЈА И УКРАИНА

Словенија е сериозен кандидат за медал

Словенија ја декласираше Украина (79:55), и е во четвртфиналето на ЕП. Таму ги чека подобрата селекција од дуелот Летонија - Црна Гора

објавено: 9 септември 2017 - 13:10

Силовито стартуваа Словенците. По само седум минути од играта имаа двоцифрена позитива од 12 поени (19:7), што беше најава дека изненадување на овој прв натпревар од нокаут-фазата, онаа осминафиналната, нема да има.

Слично беше и на истекот на првиот период, (26:17), во кој Лука Дончиќ веќе комплетираше десет поени (4/6 за два поени).
Во вториот дел, во неколку наврати, „змаевите" имаа плус и од 17. Поени. Со десет поени, Препелич стана вториот двоцифрен играч кај фаворитот кој на одмор замина со сосема удобни (42:27).


Пустозвонов, со осум реализации беше далеку најдобар стрелец кај Украина која иако повисока, ја загуби и онаа скокачка прендост. Имаа дури шест скока помалку (17 спрема 23), во однос на противникот.
Во продолжението, промени во играта немаше, но затоа пак ги имаше во резултатот. Во 27. минута од играта во осминафиналето, Словенија стигна и до плус од 25. поени (59:34).
Така беше и по три четвртини (68:43), а на крајот пак, (79:55).

Каков квалитет има Кокошков во тимот кажува и тоа дека во овие 40. минути нивниот прв играч Горан Драгиќ зема и „слободен ден" (реализираше само пет поени по три периоди). Словенија е во четвртфиналето, таму ќе ги чека подобрата селекција од дуелот Летонија - Црна Гора.

Овојпат со сериозна подршка од Ентони Рејндолф, кој погоди скоро се што шутна кон противничкиот кош. Американецот уфрли 21. поен за 20. минути поминати во игра. Дончиќ и Прелепич имаа по 14...

Пустозвонов беше единствениот кошаркар кај Украина кој ја премина цифрата од десет реализирани поени.

 

 

Најново во Кошарка