НИТУ ЛЕТОНИЈА НЕ ИМ МОЖЕ НИШТО

Словенија слави – ПОЛУФИНАЛЕ

По 2009 година, Словенија е уште еднаш во полуфиналето на ЕП. Ја „смиријја“ и Летонија, и се седмиот триумф по ред ( 103:97) се во големата европска „четворка“.

објавено: 12 септември 2017 - 22:27

Неверојатно отворање имаа кошаркарите на Словенија. А по серијата од (20-2), популарните „змаеви" стигнаа до плус од дури 15 поени (30:15), уште во осмата минута од овој втор четвртфинален меч.

Но Летонците одговорија со мини-брејк од (8-2), и симнаа добар дел од таа негатива, која, патем, стана едноцифрена (32:23).
Препелич ја направи уште поубава таа прва четвртина (34:23), во која шутираа со „летонски" 5/7 за три поени, а Драгич веќе комплетираше „баксузни" 13. поени,а со максимален ефект (3/3 од поле, 5/5 од линијата за слободни фрлања).


Одлични 50% за три поени имаше и Летонија, но го немаше Порзингис како лидер, барем во тој дел од натпреварот.
Но кога „стана" тој, се беше поинаку во играта на Летонија. Со две игри „два плус еден" играчот на Њујорк Никс го врати враќањето на момците од Балтикот.
А од минута во минута ги местеа „нишанските справи", и до истекот на првиот дел почнаа да личат на она „машина за давање" на кошеви. Во 18 минута дури и го престигнаа водството на противникот. Дојдоа до (50:49), а на истекот од полувремето, имаа уште повисоки (55:51).
На 16 поени на Порзингис, браќата Бертанс додадоа уште по десет. Доволни за резултатски пресврт.
Серијата од (16-2), ги донесе кошаркарите на Словенија до ново, сосема солидно водство (67:57). Блескаше Горан Драгич, кој во свој стил ја бушеше летонската одбрана.
Но не беше само Драгич расположен за поентирање, затоа што по 15. поен на Дончиќ., Словенија одново беше двоцифрена (64:64) во последната минута од третата четвртина во која своја роља имаа и Рејндолф и Препелич... За уште поголеми (77:66)...


Имаа и (79:66), но експресна серија на Летонија значеше само плус 4 (79:75), по 33 минути игра.
Се повтори моментот од првата четвртина, летонските кошаркари се вратија уште еднаш. Со парцијални (13-5), дојдоа на „еден посед" негатива (79:81), а останаа да се играат цели шест минути.


Само до моментот кога се издигна најмалдиот играч на теренот, Лука Дончиќ...
Со осум поени во серија ја врати Словенија во „помирни води", и да ја усмери кон победата (103:97) полуфиналето.

Потполно заслужено, седум меча-седум победи, исто како и Шпанија, нивниот противник во битката за финале на овој, за нив, чудесен Евробаскет. налик на оној од 2009 година во Полска, кога беа исто како и сега, во големата „четворка“ на европската репрезентативна кошарка.

Затоа што Дончиќ даде 27, Драгич 26, но не треба да се заборават ниту оние други на кои селекторот Игор Кокошков им даде шанса.

 

Најново во Кошарка