МЛАДИОТ СЛОВЕНЕЦ Е УВЕРЕН ВО СВОИТЕ КВАЛИТЕТИ

СМЕТА ДЕКА НЕМА ПОТРЕБА ЗА ТОА: Дончиќ нема да оди на пред-драфт „проби"

Најталентираниот европски кошаркар пред овогодинешниот НБА драфт нема да учествува на оние индивидуални тренинзи во САД, наведуваат американските медиуми...

објавено: 3 мај 2018 - 12:00

Деветнаесет годишниот играч на Реал Мадрид се до крајот на оваа сезона ќе биде потполно фокусиран на обврските кои ги има во дресот на „кралскито клуб", а покрја останатаот, го очекува и учеството на „фајналфор" турнирот во Евролигата кој се одржува во Белград од 18 до 20. Мај.

Противник на шпанскиот гигант во полуфиналето ќе му биде московска ЦСКА.

„Мислам дека тоа нема да биде проблем" - вели Бил Дафи, агентот на младиот Словенец.
"Играњето во Евролигата говори за себе. Она што тој го направи говори за талентот но и подготвеноста на Лука. Имаше различни нивоа на искуства од своите врсници. Евролигата е следниот чекор за играње во НБА"- дополни Дафи.

Според проценките на специјализираните американски НБА портали, Дончиќ сигурно ќе биде биран помеѓу првите три пика на драфтот, а многу работи ќе станат појасно после онаа т.н. „драфт лотарија".
Најголемиот „кошаркарски пазар" ќе биде одржан на 21.јуни.

Најново во Кошарка