НЕУСПЕШНА ЕВРОПСКА ПРЕМИЕРА НА КАРПОШ СОКОЛИ

Со „минус осум“ кон Талин

Многу осцилации прикажа новиот тим на „сино-жолтите " на дебито на европската сцена, затоа беа казнети со пораз од Калев Крамо (79:87).

објавено: 19 септември 2017 - 18:49

Карпош Соколи ќе почека на првата европска победа во својата историја.

„Соколите"„ не ја искористија првата шанса за тоа откако во првиот меч од квалификациите за ФИБА Лигата на Шампионите загубија од естонскиот претставник Калев Крамо од Талин.
Карпош Соколи – Калев Крамо 79:87 ((18-25; 21-17; 23-16; 17-29)
Пренервозно отворија „соколите" на европската премиера. Многу лабаво уводните три минути од играта. Но брзо, по оние (3:8) се вратија во игра, односно преку серија (7-0) за првото водство на натпреварот (10:8) и гостински „тајм-аут" за помалку од пет минути играње.


Но со краток рок беше добрата офанзивна игра на „соколите", до истекот на првата четвртина Естонците обезбедија солидни (25:18).
Втората серија од (7-0), по втор пат ги врати во игра домашните кошаркари (25:25).
Веќе во14.минута и поведоа, по тројката на Делиќ, негов 10. поен, (28:27). Но и по втор пат застана тимот на Борче Даскаловски, ги казни со тројка Мирковиќ за ново гостинско одвојување (37:32), по нешто повеќе од 16. минути од играта, кога и ги собра играчите на минута одмор.
Сепак, домашната екипа никако не успеваше да го направи тој резултатски исчекор, да го има водството, и да игра многу послободно.


Видлив беше тој грч, респект што со себе го носи играњето во еден ваков ранг на натпревари, за нашиот тим, прв во историјата.
Кога требаше да одбранат, примаа кошеви, буквално со истекот на нападот, па противникот некако успеа ја сочува предноста.
На полувремето беше (42:39) за гостите од Талин каде за два дена е реваншот.
Имаа „карпошовци" нешто подобар почеток во третиот период во кој го превземаа водството (46:44). По тројката на Николовски, во 25. минута беше исти (49:47), за гостински „тајм-аут".
Увод во уште посилен ритам на „соколите" кои на крилјата на Николовски и Мек Фејден, изградија и предност од девет поени, (58:49) во 28. минута, потоа и (60:51).
Тука следуваше ново „СТОП"во играта од нашиот евро-претставник.
По три и пол минути од последниот дел од играта, Естонците направија нов пресврт.
„Проработеа" Кангур и Суботиќ, кои и го вратија водството (69:67).
Најава за возбудлива завршница на скопската европска премиера на Карпош Соколи.
Повлече уште еднаш МекФејден за (73:71), но сега без подршка од останатите.


Тимот од Естонија не го смени концептот. Беа Трпеливи во нападите, и кога требаше – погодуваа... Затоа и водеа на 2:18 минути пред крајот (80:75).
Минута подоцна и со двоцифрени, и недостижни (87:77)
Се во играта на Карпош Соколи во овие први 40. минути се „вртеше" околу трилингот МекФејден-Николовски-Делиќ (комбинираа 53 од крајните 79 поени), премалку за противничкиот „квартет", Мазејка, Џоесар, Суботиќ и Кангур.

Најново во Кошарка