СРЕЌА ПА Е КРАЈ

„Соколчињата" и Европа, тоа не оди едно со друго...

Не може ништо да им се замери на младите кошаркари на Карпош Соколи во поразот од Фалко Вулкано (43:104)...

објавено: 6 декември 2017 - 22:20

Карпош Сокили се прости од играњето во Ервропа.

Според резултатот, односно поразот од унгарскиот Фалко Вулкано (43:104), може да се окарактеризира на еден неславен начин.
Но за оние кои ги познаваат приликите во клубот од Карпош, не и неочекувано.
Оние млади момчиња кои останаа да ја бранат честа на клубот кој лани го освои Купот на Македонија, и играше во финалето на плеј-офот, одиграа, дадоа колку што во овој момент можат и умеат.

Ја имаа „подршката" и од своите колеги Стојан Ѓуроски и Кирил Николовски, кои на молба на претставниците на федерацијата, „се соблекоа", и седнаа на клупата заедно со стручниот тим на Карпош Соколи.

Затоа што овој натпревар мораше да се игра, но не во вакви околности во кои се најдоа популарните „соколи".
Во спротивно, следуваа дополнителни санкции, па и затоа не треба да изненади присуството на „довчерашните" членови на клубот.
Останува да зажалиме што му се случи на Карпош Соколи во овој изминат период, и да се надеваме дека ова нема да биде и последниот европски натпревар кој го одиграа „жолто-сините"во својата историја.

 

Најново во Кошарка