Што понатаму за Карпош Соколи во Европа

„Соколите“ би можеле да налетаат на Заре Марковски и Трабзон

Ривали на „соколите" во следната, групна фаза од ФИБА Европа Купот, ќе им бидат поразениот од двобојот меѓу Антверпен и Нижни Новгород во ФИБА Лигата на Шампионите, како и победниците од мечевите Балкан/Орадеа - Фалко Сомбатељи и Солнок/Трабзонспор - Содертаље кингс во второто елиминациско коло од ФИБА Европа Купот.

објавено: 22 септември 2017 - 11:00

Кошаркарите на Карпош соколи не направија комплетно изненадување во првото квалификациско коло од ФИБА Лигата на Шампионите. По поразот на домашен терен во Скопје, „соколите“ беа подобри од Калев крамо, но не доволно за да се најдат во следниот елиминациски циклус, односно да се пласираат во второто коло.

Или втор круг од натпреварите каде за противник ќе го имаа унгарски Алба Фехервар, во двомеч кој ќе се играше на 24 и на 26 септември.

И покрај елиминацијата од естонскиот претставник, тука не завршува европската есен за Карпош Соколи.

Тимот од скопската населба Карпош ќе се пресели во групата „Х“ од ФИБА Европа купот. Но за имињата на противниците ќе треба да ги почека вторите рунди од квалификациите во Лигата на шампионите и ФИБА Европа купот.

Па така, ривал на „соколите" ќе им биде поразениот од двобојот меѓу Антверпен и Нижни Новгород во ФИБА Лигата на Шампионите, како и победниците од мечевите Балкан/Орадеа - Фалко Сомбатељи и Солнок/Трабзонспор - Содертаље кингс во ФИБА Европа Купот. 

Најново во Кошарка