ПРОДОЛЖУВА ЕВРОПСКАТА ПРИКАЗНА ЗА КАРПОШ СОКОЛИ

„СОКОЛИТЕ" ХЕНДИКЕПИРАНИ: Без Делиќ во Солнок

Непосредно пред заминувањето за Унгарија, лекарите констатирале дека Хрватот има висока температура и мораше да остане во Скопје.

објавено: 17 октомври 2017 - 15:00

Со играч помалку во ротацијата ќе го продолжат натпреварувањето во Европа кошаркарите на Карпош Соколи.

Пред се затоа што непосредно пред тргнувањето за Солнок, каде утре вечер (од 18.часот) ги очекува дуелот против истоимената екипа во групната фаза од ФИБА Европа купот, стручниот штаб на „соколите" доби информација дека не може да смета на хрватскиот интернационалец, Ненад Делиќ.

Голем хендикеп за нас. Само што тргнавме во една добра насока, особено по победата над МЗТ Скопје во Аеродром, ни се случува ова. Не можеме да сметаме на еден важен играч во ротацијата. Делиќ остана во Скопје, нема да сметаме на него во овој прв дуел од групната фаза во кој реално очекувавме доста. Како и да е, ситуацијата е таква каква што е, нема предавање. Со она што го имаме на располагање ќе му се спротивставиме на квалитетниот противник. Гледаме дека играат добро во последно време. Но и ние не сме за потценување. Ќе пробаме да одиграме најдобро што можеме во Солнок. Пред нас е голем предизвик да се спротивставиме на квалитетен противник, на неговиот терен, притоа ослабени со неиграњето на еден важен играч" - констатира предводникот на Карпош Соколи, тренерот Борче Даскаловски

 

Најново во Кошарка