„СОКОЛИТЕ" ЈА ПРОДОЛЖИЈА ЕВРО-ОДИСЕЈАТА, НО...

Солнок место каде не се победува - има судиска помош!

Без оглед на фактот дека кошаркарите на Карпош Соколи не играа согласно со нивните очекувања, сепак, на домаќините не им требаше никаква судиска помош каква што ја добија во третиот период од дуелот, кога безмислено го извадија надвор од игра првиот центар на нашата екипа... Потоа се беше полесно за Унгарците (94:73). 

објавено: 18 октомври 2017 - 19:34

Карпош Соколи го загуби првиот меч од групната фаза од ФИБА Европа Купот. Гостуваа во Унгарија, потошно во Солнок, а по овие 40.минути, очигледно е дека таму тешко ќе може некој да мисли, да смета на двата бода, 

Не дека „соколите“ игра акојзнае како добро, но јасно е дека на СОлнок не му беше потребна онаа судиска пшомош, евидентирна во теко тна овој натпревар,. Особено во третиот период. Оној во кој нашиот претставник се закани по резултатот на домашната екипа, Почна да ја топи високата пиозитива на Солнок. Судиите како да се подисплашија да не има некое друго сценарио освен победа на Унгарците. 

И „дигнаа рачна“, односно се „фатија“ и успеаја да го исклучат од игра, единствентиот играч кој може да игра на позицијата центар - Драган Лабовиќ.

Потоа  се беше полесно...

Солнок – Карпош Соколи 94:73 (26-15; 17-19; 30-22; 21-17)
По пет минути играње, Ѓуроски погоди за (12:11). Но Пери погоди за три, и отвори серија на домашната екипа по која дојдоа до плус 10 (21:11) како што три минути подоцна стоеше на семафорот во „Тицалигет" салата во Солнок.
Мораше Даскаловски да смирува, а како поинаку освен со минута одмор. Без ефект, затоа што преголемото опуштање во одбраната уште еднаш го казни довчерашниот играч на нашиот евро-претставник, Кендрик Пери. Со звукот на сирената постави (26:15).
Немаа офанзивни решенија „соколите" ниту на почетокот на воата четвртина. Премногу индивидуално се одвиваше играта во нападот, и никако топката не одеше „долу" во рекетот. Солнок брзо се одвои на уште поголема предност (34:20).
Само моментни индивидуални блесоци, како на пример на Мекфејден, ги држеа гостите од уште поголема. негатива. По неговиот седми поени, во 15. минута скопјани заостануваа за исто толку поени како што беа и на крајот на првиот периодот, (23:34).


Следуваше и техничката грешка на Лабовиќ, што со слабото заградување на рекетот (го немаа Делиќ), им ја олесни дополнително офанзивната работа на Унгарците., кои прелесно зголемија и на (39:23).
Кога шутерски се отворија Ѓуроски и Николовски, беше малку подобро. Карпош СОколи намали на -10 (31:41), па тренерот на Солнок мораше да го потроши и вториот „тајм-аут" пред последните две минути од полувремето. Втората тројка на Николовски донесе и едноцифрен минус (34:43), како што беше на полувремето.


Или дваесет минути во кои Николовски и Ѓуроски имаа по осум поени, Мекфејден остана на седум. По четири уфрлија Соколов и Чомагиќ, додека разочарувачки минути имаа Браун (три) Лабовиќ (два поени).
Добриот почеток ги донесе гостите на сериозно достижен минус од пет поени (45:50), но се тргна наопаку по „неспортската" на Николовски.

Доволно Солнок со серија (7-0) да „се одлепи", сега на (57:45). Но,предавање за „сокли„ немаше, дадоа шест поени, за (51:57); пред да дојде судиската одлука на мечот. На три и пол минути пред крајот на третата четвртина, Лабовиќ доби техничка грешка за „глума", и тоа додека беше во напад!!!

Момент кој ретко, многу ретко го има на некој европски натпревар, но еден од судиите во Солнок го „дувна" и тоа, и остана „жив", а Лабовиќ исклучен, па мораше да го напушти теренот.
Одлука која дефинитивно го измести системот на нашата екипа која остана и без вториот „столб" (Делиќ не ни патуваше во Унгарија). До крајот на тој дел од играта Солнок ја врати високата позитива дојде на највисоки (73:56).

Се друго е без дополнителен коментар...

 

Најново во Кошарка