ТРЕНЕРОТ НА МАКАБИ ЗА СВОЈОТ НОВ МИЛЕНИК ВО ТИМОТ

СПАХИЈА: Авдија е најголемиот талент кој сум го видел во кариерата!

Од вчера, па се до недела, градот Задар е домаќин на најсилниот подготвителен турнир во Европа.

објавено: 21 септември 2018 - 21:00

Петти пат по ред, во градот на јадранското крајбрежје – Задар, се собра кремот на европската кошарка кој го предводи вицешампионот на Европа, екипата на Фенербахче. А тука се уште и екипите на ЦСКА од Москва, Олимпија од Милано, Баерн од Минхен, Макаби од Тел Авив, но и првакот на Кина, Лиаонинг.

Публиката во Задар, покрај големиот број на докажани кошаркари ќе има прилика да го види и 17. годишниот Дени Авдија, син на некогашниот играч на Црвена Ѕвезда и други екипи во Израел, Зуфер Авдија.
Талентираниот крилен кошаркар ова лето ја предводеше селекцијата на Израел (под 20 години), до европското злато на првенството на Стариот континент за оваа возрасна категорија.
Момче на кое му се предвидува прекрасна иднина, не само како играч на најголемиот израелски клуб – Макаби од Тел Авив.
Со прогнозите се занимава и неговиот актуелен тренер, Хрватот Невен Спахија.

„Дени е навистина исклучителен талент, а слободно би можел да кажам дека е најголемиот талент кој сум го видел досега во мојата кариера"- истакнува тренерот на „Гордоста на Израел", кој од 2014 до 2017 година беше во стручниот штаб на НБА лигашот Атланта Хоукс.

Знае Спахија што следува за овој профил на млади кошакари.

„Меѓутоа, од талент до играч патот е долг. Сега Авдија е во оние најчувствителни развојни години, и дефинитивно ќе добие прилика на овој турнир. Колку минути ќе добие, тоа е непозната, но сигурно ќе биде интересно да се види неговата реакција против вака снажни тимови кои се во Задар"- дополни Спахија.

На првенството на Европа, со три години постарите колеги, Дени Авдија дојде дo просек од 12.7 поени, 6.4 скока и 1.1 асистенција.

 

Најново во Кошарка