„Лавовите" бадијала се закануваа...

Србија е друго ниво за Белгија

Се во рамките на реалноста, Србија – Белгија (74:54).

објавено: 7 септември 2017 - 18:30

Уште пред да го почнат својот последен меч на овој Евробаскетот, кошаркарите и стручниот штаб на Белгија најавија дека токму за крај, би сакале да изненадат, и да ја совладаат селекцијата на Србија, една од најдобрите на турнирот во Истанбул.

Но се чини дека се остана само на празни зборови. Односно дека во овој момент „лавовите" се многу поназад во однос на квалитетот кој го поседуваат „орлите".
Добро го одиграа првиот период од мечот, но во оној вториот, работите некако си дојдоа на своето место. Особено кога Србите притиснаа во одбраната и на противникот му дозволија да уфрли само 25 поени до одморот.


Изненадувачки имаа само пет упатени удари за три поени, а нивниот најдобар стрелец, Богдан Богдановиќ ниту еден. Но дојдоа до бројка од 42. поени, или комотно водство од 17, (42:25).
И тоа беше подобриот дел од овој натпревар во кој фавориот почна да калкулира со минутите, а аутсајдерот пак сакаше да „помине" со што е можно понизок пораз.
Така и беше, се во рамките на реалноста, Србија – Белгија (74:54).
Највисокиот на теренот, Марјановиќ изброја до 22, Богдановиќ 15, а Мачван до 10. поени.

 

Најново во Кошарка